23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во мај СВР Битола: лишени од слобода 39 лица дилери на дрога и оружје

СВР Битола само последниот месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица, истите дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции (марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја , дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како  и пронајде различна количина огнено оружје (пушки, пиштоли, и муниција различен калибар).

„ Притоа , извршени беа 9 претреси во куќи и станови и тоа по чл.215 „Недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции” извршени беа 3 претреси и по  чл. 396 „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” извршени беа 6 претреси како и 7 преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед затекнати со дрога беа тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар Полициски службеници од СВР Битола продолжуваат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола,“ стои во информацијата.

Би можело да ве интересира

Илија Јованоски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Прилеп

Известување за дезинсекција на територија на општина Прилеп

Пела Редакција

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе