29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец криумчарел тутун и текстил – полицијата го уапсила кај Д.Хисар

Прилепчанец криумчарел 13 кг. тутун и текстил.Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола.

Имено, на 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39) од Прилеп.

При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил. Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка.

С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Фатени крадци во Прилеп при извршување тешка кражба

Во полициска акција во Прилеп – пронајдена дрога, не се издавале фискални во угостителски објекти, две лица лишени од слобода

Сакал да изгази група луѓе собрани сред село Секирци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе