26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ученици од ООУ Гоце Делчев- Прилеп блеснаа со знаење на Oлимпијадата по англиски јазик HIPPO 2025

На овогодишната Меѓународна олимпијада по англиски јазик HIPPO 2025, Европски квалификации за Светско првенство, која се одржа во Италија (Венеција) од 26 до 28 мај,  ученици од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп достојно го претставија своето училиште.
Учениците, Дариа Цуцуловска од Vв одделени, по менторство на  доц д-р Марија Дулевска и Касијана Трајкоска од VIа одделене под менторство на Благица Чатлеска се натпревруваа  во категоријата Hippo 1,  додека ученикот, Мартин Бошкоски од VIIв, под менторство на Марија Дулевска, зеде учество и во повисоката категорија, Hippo 2.
На овој престижен натпревар по англиски јазик, ученичката Кириана Спиркоска од Iг, под менторство на  Матеја Велјановска Спиркоска, освои директен пласман во светското финале на Hippo-English Without Borders, кое ќе се одржи во Асиси, Италија.
На овој престижен натпревар учениците имаа можност да ги прошират своите знаења по англиски јазик и да стекнат нови познанства со ученици од многу европски земји.
На Меѓународната олимпијада по англиски јазик, HIPPO 2025 учествуваа над 93 илијади ученици од целиот свет.   

Би можело да ве интересира

( ФОТО) Свечено првачињата дадоа заклетва дека ќе учат и ќе ги почитуваат учителите

Индустриското училиште во Прилеп започнува нова ера во македонското образование

„Училишта од 21 век“ меѓу кои и три прилепски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе