28.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во ООУ “Гоце Делчев„ Прилеп регионален Саем за наука во рамки на проектот „Науката и Јас“

Денеска, во рамки на проектот „Науката и Јас“ во ООУ “Гоце Делчев„ – Прилеп се одржа регионален Саем за наука, на кои учествуваа 10 тина училишта, од разни регони од Македонија. Учениците се „дружеа“ со науката и преку експериметни развиваа љибов и интерес за наука.

На самот присуствуваа претствници на Џонсон Мети, Македонија 2025, кои се организатори на настанот и говореа за важноста на проектот и за значењето учениците да ја сакаат науката, а  директорката на основното училиште домаќин, ООУ “Гоце Делчев„ од Прилеп, Снежана Котева го истакна интересот што учениците го пројавуваат во последните години за наука.

Минатата учебната 2023/2024 година, преку овој проектот, беа обучени 23 наставници по природни науки од 20 основни училишта во Македонија. Овие наставници директно влијаеја на околу 1100 ученици од 6-то одделение, го развиваа интерес за науката.

Во рамките на проектот, беа  организирни четири регионални научни саеми во: Скопје, Велес, Делчево и Струга. На овие настани учениците ги презентира своите научни проекти и  разменуваа идеи со врсниците од други училишта. На саемите учествуваа повеќе од 800 ученици од 6-то и 7-мо одделение, кои со голем ентузијазам ги претставуваа своите проекти и научни откритија.

Проектот „Науката и Јас“ во учебната 2024/2025 година, имавме поамбициозна цел и го проширивме опфатот на проектот да организира професионална обука за над 70-тина предметни наставници по природни науки, физика, хемија и биологија, како и поддршка за над 15 ментори – наставници од областите по природни науки.

Преку овие активности, се очекува да се влијае  на над 2000 ученици, охрабрувајќи ги да ги истражуваат природните науки и да ги развиваат своите научни вештини, од една страна, а од друга страна да ги унапредат вештините и знаењата на наставниците во областа на науката преку користење на модерни методи на предавање и критичко размислување.

Проектот „Науката и Јас„ е одобрен од страна на МОН, а  образовни активности со наставниците беа реализирани со поддршка на стручниот кадар на Бирото за развој на образованието.

На Саемот за наука оваа година  ќе учествуваат 7 основни училишта од Скопје, Куманово, Виница, Прилеп, Свети Николе и Тетово, а секое училиште е преставувано од наставник-ментор со тим од 3-4 ученика.

 

Би можело да ве интересира

Завршува зимскиот распуст за основците и средношколците

Голем интерес за упис во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп

(Видео) Иновативни, креативни и уникатни – Како ООУ „Климент Охридски“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со ретки болести?!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе