29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Прилепската болница доби нова современа медицинска опрема што ќе придонесе за значително подобрување за здравствените услуги. Станува збор за високотехнолошки стерилизатор на медицинските инструменти, текстил и потрошен материјал, намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар.

Горди сме да објавиме дека од денес, во нашата болница е пуштен во употреба нов модерен стерилизатор со пареа – автоклав, од реномираниот бренд PROHS. Оваа инвестиција претставува голем чекор напред во подобрување на здравствените услуги што ги нудиме. Се работи за високотехнолошки вакум автоклав кој после цели 20 години ја обновува стерилизационата опрема во болницата.

Што значи ова за пациентите и персоналот? Брза и сигурна стерилизација на медицински инструменти, текстил и потрошен материјал, Напредна превакум технологија и заситена пареа за максимална ефикасност, Целосно автоматизирана контрола преку LCD екран, Сигурност и прецизност со систем за проверка на температура, притисок и врата, Печатење извештај за секој циклус – за целосна следливост и отчетност. Со оваа нова опрема значително се унапредува квалитетот на стерилизацијата, што придонесува за намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 5.848.080 денари – вложување во посигурно и поефикасно здравство, посочуваат од Болницата!

Би можело да ве интересира

Театарски белешки (3): Кога имаш сè, а не гледаш ништо!

Пела Редакција

Апел за помош за гаснење на пожарот кој се шири од с. Мало Рувци кон село Штавица

Пела Редакција

ВЕЛИГДЕНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ОД СВЕТОТ НА КОЛОРЕС И ВИТАМИНКА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе