30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Започна 59-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп

Со обраќањата на директорката Ана Стојаноска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, а под мотото „Смеј се и осмели се“ започна годинешното 59 издание на најзначајниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Пред преполната сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ им беа врачени наградите за животно дело на тројца доајени на македонскиот театар, Снежана Коневска Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски. Пред врачувањето, за секој претходеше краток видео-материјал за кариерните достигнувања, а нивното излегување на сцена, публиката го дочека со стоечки аплаузи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО-ФОТО)Прилеп во чест на патронот Свети Никола-20 годишнина од одбележувањето

Убијте го гласникот ако не ви се допаѓа пораката

Прилепски музички ритам „2 дена на 3 локации“ концерти на учениците од Музичкото училиште

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе