23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во тек повикот за две мерки за самовработување од Оперативниот план 2025

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7.000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 денари (10.000 евра) за почнување бизнис. На повикот може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.

Од повикот се исклучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.

Повеќе информации на следниот линк 

Би можело да ве интересира

Витаминка во Париз на саемот СИАЛ

Победа се прости од куп натпреварите

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе