30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: До 31 јули отворено е e-барање за поднесување за 2025 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е отворен електронскиот систем за поднесување на барања за директни плаќања во земјоделството.

Краен рок за поднесување на барањата е 31. 07. 2025 година.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица,

– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство, а доколку имаат потреба од помош земјоделците можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пензионерите протестираа и побараа отчет

Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе