29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Сите даваа поддршка, но нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна

Пропадна обидот на ЛДП да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листа. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.

Иако од ВМРО ДПМНЕ не гласаа „за“ предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тие поддржуваат една изборна единица. Според Мицкоски, темата се покренала откако од ДУИ, како што вели, ја нападнале Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа.

Претходно од ДУИ истакнаа дека тие поддржуваат предлог за една изборна единица со отворени листи, но со изборен праг за избор на пратеници – 3% од регистрираните гласачи или 5% од излезените на изборите.

И, на крајот сите даваа поддршка, но не е изгласан предлогот да има една изборна единица.

Инаку, според образложението, предложените измени за воведување на една изборна единица се со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба.

Би можело да ве интересира

Ќе го победиме Заев на домаше терен, а најголемо ветување на ВМРО ДПМНЕ ќе биде изградбата на автопатот Велес- Бабуна – Прилеп- Битола – грчка граница

Десет дена од изборната кампања за Локалните избори 2025 – кандидатите за градоначалници и советници на терен

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: со оставката на Локвенец, дното за неспособност е пробиено!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе