16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Kонцерт на „Трио џентлмен“ во Прилеп

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на 16 јуни, понеделник, во 20 целовечерен концерт ќе одржи „Трио џентлмен“. Под слоганот „Македонска рапсодија“ на концертот ќе бидат исполнети следните композиции: „Тајно моја“, „Кога те нема“, „Чукни во дрво“, „Штом се сака“, „Che sara“, „L’Italianovero“, „Mamma son tanto felice“, „O sole mio“, „Се посврши сербез Донка“, „Мајка на Марика думаше“, „Јовано Јованке“, „Не стој Доне, Донке“.

„Трио Џентлмен“ е составено од тројца професионални оперски пеjачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колку што постојат (9 години) имаат настапувано низ цела Македонија и надвор од нејзините граници (со свои целовечерни концерт како и дел од големи манифестации и музички фестивали во Македонија и странство.) Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интерепетиран од тројца оперски пејачи.

Би можело да ве интересира

НТ „Војдан Чернодрински“добитник на 3 награди на фестивалот во Никшиќ

Честитки – 73 години постоење КУД „Мирче Ацев“ Прилеп (ВИДЕО)

Годишната изложба на ДЛУ и концерт на пијано

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе