26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

На дозволена брзина 50, тој „летал“ со 121 км на час !!!

Вчера во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“,полицијата го уапсила 20-годишниот С.А. од Скопје поради брзо возење.

“Имено при сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час“, посочуваат од полицијата.

Лицето било приведено во полициска сртаница и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„Безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Спас за Прилеп-блокада на Заполшки мост, протест пред Општина Прилеп

Од КОВИД 19 почина лекар од Крушево

Уметницата Маја Р. Младеновски утре изложува во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе