29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ЗНАМ самостојно на локалните избори

Политичката сцена пред претстојните локални избори почнува да ги поставува контурите. Партијата ЗНАМ најави дека ќе настапи самостојно на овие избори, и со советнички листи и со кандидати за градоначалници.

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, потврди дека партијата преговара со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка на кандидати за градоначалници, но дека ќе настапат со сопствени имиња, а не во коалиција.

Партиски извори брифираат дека одлуката е донесена од Извршниот одбор, но не се исклучува можноста за понатамошни преговори – било со ДУИ, било со Вреди. Особено бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе најави поддршка за Вреди уште во првиот круг.

Централниот одбор во проширен состав, на вчершната седница, донесе едногласна одлука за почеток на вториот бран на активности, под мотото: „Со срце за нашата општина“,.каде се планира посета на сите општини.

На 29 јуни, во недела, Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе го одржи Вториот изборен Конгрес, на кој ќе бидат избрани Претседател на партијата, нов состав на Централниот и Надзорниот одбор, со полн четиригодишен мандат.

Би можело да ве интересира

Опозицијата со критика кон акцијата на СДСМ „Од врата на врата„

Максим Димитриевски од ЗНАМ: ПОМАЛКУ ПРАТЕНИЦИ, ДА НЕМА АПАНАЖА, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДА ГО ПРЕДЛАГА ОПОЗИЦИЈАТА

Пела Редакција

Стерјовска прашува: „Како е применет принципот ,,прв дојден-прв услужен„ за субвенционирање на инвертер грејни тела и велосипед?“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе