16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Се’ е подготвено за старт на фудбалскиот турнир за млади категории „Прилеп куп 2025“

Фудбалска Школа „Тони“  ( школата на фудбалската легенда, Тони Наумоски) во знак на одбележувањето 25 годишното постоење,  веќе го подготвува новиот турнир за млади категории „Прилеп куп 2025“ на кои се очекуваат екипи и од соседните земји.

Прилеп куп 2024

Турнирот ќе се одржи на  27, 28 и 29 јуни, (петок, сабота и недела), а местото е теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“, што подразбира  убава можност за присуство на публика.

Прилеп куп 2024

Ове е четвртото издание на Меѓународниот фудбалски турнир за млади категории „Прилеп куп 2025“.  Се очекуваат екипи од клубови и школи од Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Македонија – од балканските држави. Натпреварите ќе се одвиваат во 6 возрасни категории: за фудбалери родени 2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година.

Прилеп куп 2024

И, нема дилеми дека претстои врвна организација, бидејќи дополнителна обврска е јубилејот – 25 години постоење на Фудбалската школа „Тони“, организатор на турнирот во соработка со Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕП Е ПЕТТИ НА ЖЕНСКОТО ЕКИПНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ

Меѓународен џудо турнир „Прилеп град херој 2025 – Цевитана куп“

Пела Редакција

Дамевски: Засекогаш ќе ја паметам титулата освоена со Победа (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе