29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во Крушево Трета светска конференција за религиски дијалог и соработка

Во Крушево од денеска  се одржува Третата светска конференција за религиски дијалог и соработка, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Конференцијата ќе се одржува до 27 јуни.

Конференцијата ќе собере еминентни професори и експерти од повеќе од 20 земји од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Австралија, Тајван, Јужна Африка, Иран, Италија, Холандија, Данска, Естонија, Полска, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија. Собирот има за цел да ги истражи клучните теми поврзани со религискиот дијалог и соработката во современиот свет, промовирајќи разбирање и заеднички пристапи кон глобалните предизвици.

-Планирана е богата програма со пленарни сесии, презентации и можности за интеракција со водечките мислители од ова поле, се вели во соопштението на организаторите.

Би можело да ве интересира

Скринингот во градинките заврши, кои ќе бидат новите правила?

Фатени двајца како подметнуваат пожар-казни за движење низ шума

Утре поскапува лебот во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе