30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Потпишан договорот за доизградба на фабриката за селекција на отпад

Градоначалникот Борче Јовчески денеска го потпиша договорот за доградба на фабриката за отпад – втора фаза кај депонијата Алинци, со набавка на опрема и монтажа со реномираната компанија Tehnix-eko d.o.o. од Република Хрватска. Инвестицијата во износ од 49.578.043 денари (780 илјади евра) со временски рок за инсталација на потребната опрема за 1 година од потпишување на договорот.
„Ова претставува сериозен чекор напред во модернизацијата и зголемување на капацитетите за управување со отпадот во Прилеп и регионот што ќе овозможи поефикасна и еколошки прифатлива селекција на отпадот, напиша градоначалникот Јовчески на социјалната мрежа ФБ.
Изградбата на фабриката за селекција на отпад беше отпочната во 2016 година, и стопирана за градба во 2018 година. Моментално доселекцијата на корисни отпадни материјали се извршува во импровизирана хала со мануелна селекција на одвојување и со балирање на 50 тонска aвтоматска преса.

Би можело да ве интересира

Николоски од Прилеп: За превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Пела Редакција

НАГРАДАТА „ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ ВО РАЦЕТЕ НА ВРВНИ МАКЕДОНСКИ АКАДЕМИЦИ, ИСТРАЖУВАЧИ И АФИРМАТОРИ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ

Пела Редакција

Вакцинацијата против сезонскиот грип треба да започне утре

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе