Денеска во Прилеп се одбележаа 104 година од убиството на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров. На денешен ден во атентат бил убиен еден од најголемите херои на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров.
Со пиетет кон ликот и делото на револуционерот, пред споменикот на Ѓорче Петров, во центарот на градот, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации од Општина Прилеп, претставници на Советот на општина Прилеп, од Средното општинско училиште кое го носи неговото име, преставници од Сојузот на борци – Прилеп и на политички парти.
Ѓорче Петров е симбол на македонскиот непокор, на битката и заложбата за зачувување на македонскиот идентитет, во интерес на вистината, македонската држава и македонскиот народ. Бил роден на 2 април 1865 година во Варош. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив.
Ѓорче Петров, (неговото целосно име е Георги Петров Николов) бил професор, публицист, историчар, идеолог на: Македонската револуционерна организација. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип. Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО. Член на Централен комитет на МРО. Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија(1897–1901). Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес.

Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Ѓорче Петров бил убиен на 21 јуни 1921 година во Софија, Бугарија.

