16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Три дена „МојДДВ“апликацијата во прекин поради технички проблем

Денеска Управата за јавни приходи соопшти дека техничките проблеми со мобилната апликација „МојДДВ“ се надминати и дека таа повторно функционира непречено. Според нив, корисниците повторно можат да ги скенираат своите фискални сметки без потешкотии, но апликацијата сè уште не работи кај сите корисници.

Апликацијата „МојДДВ“ веќе неколку дена е недостапна за граѓаните, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем, на чијшто отстранување активно се работи.

„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки кои се во рамки на овој рок ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција“, соопштија од УЈП.

Би можело да ве интересира

Фото изложба „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ за Кривогаштани од објективот на Бојчески

За оние кои патуваат кон Битола – од денеска поставен времен кружен тек за влез во Битола

Пела Редакција

ПРИЛЕП РЕМИЗИРАШЕ СО КАНДИДАТОТ ЗА ТИТУЛАТА, ГАМБИТ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе