16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

39 Мариовско мегленски културни средби- непокорен чувар на традицијата

По 39-ти пат во манастирот „Свети Илија“ во Мариово се слушна грмотот на тапанот и писокот на гајдата на традиционалните Мариовско-Мегленски средби. Но, за жал како и повеќе години наназад Македонците од Меглен, соседна Грција не дојдоа, генерално затоа што врските со годините се изгубиле.

Манифестацијата ја отвори претседателот Стојан Ѓуровски кој преку 20 години е посветен на нејзиното зачувување.  „Целта на овие средби е среќавање на мариовците иселени од овој крај во потрага по подобар живот и мегленците иселени присилно од Меглен за време на егзодусот. Овие средби овозможуваат тие иселени луѓе да се сретнат“, вели Стојан Ѓуровски, претседател на здружение Мариовско-Мегленски средби.

На 39-тите Мариовско-мегленски културни средби учество зедоа ученици од ОМУ ,,Ордан Михајлоски Оцка” – Прилеп. Настапија КУД ,,Гоце Делчев” од Битола, КУД ,,Новаци” од Новаци и ФА ,, Божилак” од Дедебалци, Добрушево, Мусинци и Ношпал,како и фол пејачката, Софија Коческа.
Поетски настап имаше Божана Тренческа, а со хумореска, присутните ги почести Јован Ѓуровски.

Овие слики на ора, и млади луѓе за жал во Мариово може да се видат само еднаш годишно. Во мариовскиот крај се останати да живеат само, околу 200 жители.

 

Би можело да ве интересира

Изложба на Милко Нестороски, ќе биде отворена вечерва во Прилеп

Декларација „Зборот на Конески, гајдата на Пеце“ за здружено делување на две манифестации

Пела Редакција

Концерт на Сашко Костов во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе