30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Пожар во атарот на с.Бешиште

🔥 Пожар во атарот на с. Бешиште, мариовско.

Пожарот што започна  во саботата на 28.06.2025 година,  во атарот на с. Бешиште, во близина на границата со Грција, сè уште трае. Гори сува трева и дел мешана шума, но во моментов нема активно горење.

Пожарот е активен во два крака:
Еден на местото викано Уров, во атарот на с. Бешиште , а еден во правец кон с. Градешница, Општина Новаци.

Огнот се шири кон границата со Грција. Теренот е тешко пристапен, што ја отежнува интервенцијата.

На терен се ангажирани 3 лица од ШС „Црн Бор“ – Прилеп со 1 возило опремено со пумпа и 5 пожарникари со 1 возило од ТППЕ Прилеп.

За настанот се известени:
– ШС „Кајмакчалан“ – Битола
– РЦУК Прилеп
– ЕЛС Прилеп
– ДЗС Прилеп
– СВР – ПС Прилеп
– ПС Новаци

Информираат од ЦУК

Би можело да ве интересира

По паѓањето на првиот снег градот ја активирана зимската служба за одржување на патиштата

Понеделник во Прилеп „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“

Пела Редакција

Панел дискусија за спортот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе