15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепско Поле: Решен проблемот со дефектот на хидросистемот – вода за наводнување на Левата падина има

АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле, преку соопштение информираа дека го отстраниле дефектот на хидросистемот во делот кој што ја опфаќа Лева падина на прилепско поле и која речиси, повеќе од еден месец, беше не функционална. Во соопштението се вели:

АД Водостопанство-подружница Прилепско Поле, ги известува сите водокорисници кои што се приклучени на мрежата на хидросистемот во делот кој што го опфаќа Лева падина, дека на 27.06.2025 година е отстранет дефектот на цевководот Ф 700 мм и е воспоставено нормално водоснабдување,информираат од  АД Водостоанство -поддружница Прилепско Поле. 

Повеќе од еден месец, во екот на тутунопроизводството целата лева падина од прилепскиот хидросистем не функционираше поради голем дефект на главната цевка Ф 700. Цевката стара повеќе од 50 години, не го издржала притисокот уште на стартот од сезоната за наводнување, пролетта. Земјоделците велат дека штетите се огромни бидејќи тутунот кој што бил веќе расаден е исушен на нива, а  оној  што преживеал тешко тека ќе го има очекуваниот квалитет и сметаат дека годинашнат реколта е уништена.

Екипа од АД Водостопанство неколку пати  беа на терен и работеа на решавање на проблемот. И,тие потврдија дека цевките се дотраени, бидејќи се стари повеќе од 50 години и денеска е многу тешко да се најдат соодветни делови за нив. Новиот директор на прилепската подружница на АД Водостопанство, Зоран Тодороски,тогаш  во телефонски разговор за Радио Пела  велеше дека заменет е делот- спојката на главната цевка и извршено е пробното пуштање со помал притисок, но повторно настана проблем,така што до петокот тутунарите и градинарите од прилепско беа без водоснабдување и беа принудени до буриња да го носат вода за новаднување.

Би можело да ве интересира

Лозарите од Тиквешијата не го предаваат родот за понижувачка цена (ВИДЕО)

Промена на ул.“Александар Македонски„ со спуштени ивичњаци и нивелирани шахти

Пела Редакција

(ВИДЕО)„Заживување на традицијата и зачувување на природата”- се одржа првата работилница во Новаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе