16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Три дена гори мариовско – постои опасност за активација на стари гранати

По три дена ,пожарот мариовско Бешиште, на границата со Грција, сѐ уште е активен, а според последните информации од Центарот за управување со кризи, гори шума со бор, даб и бука како и сува трева на површина од околу 100 хектари.

Од ЦУК велат дека дополнителна потешкотија за гаснењето е и ризикот од постојаните детонации од заостанати гранати од предходните војни.

Пожарот е во два краци – кон месноста Уров во атарот на с. Бешиште и кон селото Градешница во Општина Новаци, на многу непристапен терен за гаснење. Во моментот интервенираат петмина пожарникари со едно возило од Прилеп и три лица со едно возило од шумската служба „Црн Бор“.

 

Би можело да ве интересира

Крушево доби донација со која се решава проблемот со водоснабдувањето

Пела Редакција

12 нови случаи на коронавирус, бројот на активни случаи 139

Се подготвуваат првите бесплатни заштитни визири,прилепчани вклучени во екипата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе