30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Зачестуваат физичките напади- три лица со остар и дрвен предмет му нанеле тешки телесни повреди

Три лица го нападнале во неговиот двор; во центарот на Прилеп, 27 годишно лице физички нападнато од непознато женско лице, а на автобуската станица, лице од с. Дебрешете било физички нападнато – тоа е полицискиот биланс од вчерашните настани во Прилеп каде требало да интервенира прилепската полиција.

хххххххххххххх

Вчера (02.07.2025) во 15.00 часот, во ОВР Прилеп М.С.(39) од Прилеп пријавил дека во дворното место од неговата куќа бил нападнат од три лица кои со остар и дрвен предмет му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

хххххххххххххх

На 02.07.2025 во 18.00 часот, во ОВР Прилеп  Б.А.(27) од Прилеп пријавил дека  во центарот на Прилеп на плочникот бил физички нападнат од непознато женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

хххххххххххххх

На 02.07.2025 во 10.30 часот, во ОВР Прилеп  Е.А.(49) од с.Дебреште, Општина Долнени пријавил дека пред новата автобуска станица во Прилеп бил физички нападнат од страна на З.С. од Прилеп.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Викендов во Пелагонија 21 лице возело без возачка дозвола, 20 под дејство на алкохол

Фатени крадци кои напрaвиле над 100 тешки кражби на подрачјето на Прилеп и Битола

За 4 месеци украдени 76 сообраќајни знаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе