16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Кривогаштанец возел со 1,85 промили алкохол во крвта

59 годишен жител од с. Кривогаштани возел во пијана состојба, а полицијата го спречила во намерата да продолжи да управува со своето возило за да не преставува опасност по другите учесници во сообраќајот.

Имено, на 02.07.2025 во 19.27 часот во с. Бучин, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода М.Г.(59) од с.Кривогаштани.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое М.Г. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,85 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”,информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Камен дол, на патот Росоман – Прилеп

Пела Редакција

МВР: На „Криволак“ќе се уништува голема количина на минско-експлозивни средства

Приведени 3 лица, полицијата заплени над 6 илјади пиротехнички средства во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе