25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео) Активен пожар над “Три Багреми“ дабничко – прилепско

Прилепските пожарникари повторно, и ова лето, во битката со пожарите на отворено.

Густ чад и јака миризба попладнево го “покри“ Прилеп. Гори сува трева, дабничко, над месноста викана “Три Багреми“. Пожарот е започнат во близина на споменикот кај Дабница, и порди силината на ветрот, се шири со огромна брзина кон ридот Зеленик.

Пожарот досега зафатил 100 хектари површина , а екипите од ТППЕ -Прилеп веќе неколку часа,поради ветрот, се борат со огнените јазици, со 15 –  есет прожарникари и три протипожарни возила.

Попладнево во 13, оо часот во ТППЕ –  Прилеп беше пријавено дека гори сува трева кај месноста  Дабница над “Три Багреми“. Екипите на ТППЕ веднаш излегоа на терен.

 

ПОЖАР ВО МАРИОВО – ОПАСНОСТ ОД НЕЕКСПЛОДИРАНИ ГРАНАТИ
Покрај,  тоа,  во близина на Прилеп продолжува пожарот во атарот на с. Бешиште ,мариовски, кој веќе е распламтеен пет дена. Пожарот е приземен, во густа мешана шума на стрмен терен. На терен се 3 пожарникари со 1 ПП возило и 4 вработени од ЈП „Национални шуми“ – Прилеп со 1 возило.
Поради густа шума и постојани детонации од неексплодирани убојни средства (НУС), невозможно е делување од воздух,велат од ЦУК. Поголема интервенција од земја засега не е можна поради безбедносни ризици.
Денес тие правеа  проценка дали пожарот би се движел кон терен каде би била можна воздушна поддршка

Би можело да ве интересира

„Ајде да играме“ – иницијатива за подобра социјализација на најмладите

Физичкото насилство стана секојдневие!

Пела Редакција

Јовчески: Општината ќе помогне со привремено сместување и максимална финансиска помош на семејствата чии што куќи изгореа во пожарот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе