24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

Министерството за здравство објави дека согласно прогнозите од УХМР, денеска се активира фаза 3 заради превенирање на последиците од топлотниот бран врз здравјето на населението. Оваа фаза ќе трае до 8 јули.

На предлог на Министерството, Владата донесе неколку препораки:

– Ослободување од работни обврски на бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработените во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

– Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17.00) за работници изложени на директна топлина.

– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо.

– Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа: простории со температура до 25 Целзиусови степени, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку.

– Сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

„Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност“, кажаа од Министерството за здравство.

Македонија, како и голем дел од јужна Европа, е погодена од топлотен бран. Во следните денови се најавуваат максимални температури од 32 до 41 Целзиусов степен низ земјата.

 

 

Би можело да ве интересира

Од Прилеп регистрирани се нови 5 случаи со Ковид 19

Света Архијерејска Литургија на денот на „Св.Трите Светители“, ден на прилепските бакали

Pela

Прилеп: За 7 дена се потроши буџетот за субвенционирање инвертори и велосипеди

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе