29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Автопат Прилеп – Битола, градоначалниците на увид во градежните активности

За тоа како се одвива реализацијата на градежните активности на автопатот Прилеп – Битола утре, 11 јули, во работна посета и увид на терен ќе имаат тројцата градоначалници на Прилеп, Битола и Могила.  Посетата е организирана со цел да се прикаже напредокот на градежните активности на клучната делница 4 од инфраструктурниот проект, како се одвива соработката помеѓу општините и засегнатите страни во проектот.

Планирани се изјави за медиумите од претставници на изведувачите на проектот и од градоначалниците за постигнатите резултати и напредок на проектот, меѓуопштинска соработка и развојното влијание и за следните чекори во имплементацијата на Делница 4 од автопатот Прилеп – Битола.

Би можело да ве интересира

Заврши дипломатската мисија на Веле Трпевски, амбасадор на Република Македонија во Австралија

УХМР: Дожд, ветер и невреме до крајот на продолжениот викенд

Пела Редакција

Советниците изласаа нови членови на надзорните и управните одбори на Јавните претпријатија во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе