16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Во прилепско гори на две локации -депонијата Дебреште и кај Бешиште

Депонијата кај Дебреште, долненско не престанува да гори, прилепските пожарникари неколку денови се ангажирани за ставање под контрола на пожарот со цел да не се прошири на околните ридови или кон селото. Додека, пожарот во мариовско е  гори веќе 14 денови, но е ставен под контрола.

Пожарот кај Бешишки рид е ставен под контрола, локализиран е во еден непристапен дел од мешана шума од бор и бука. Тоа е приземен пожар, се чистеа пристапните патишта од македонски шуми, за да не може пожарот да се шири. Моментално таму работата ја презедоа Македонски шуми од Прилеп, Кавадарци и Битола при што се ангажирани 15 тина вработени од ова јавно претпријатие. Станува збор за голема површина близу границата со Грција, месноста Железна врата, вели Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

Денеска, 11 јули, до 12:30, има вкупно 14 пожари во Македонија, информираше ЦУК. Од нив активни се 4, под контрола се 6, локализирани се 2 пожари и 2 пожари се целосно изгаснати.

Освен во прилепско, пожари има повеќе локации низ државата, вклучувајќи во Општина Чучер-Сандево, каде гори шумска површина, во Општина Македонски Брод активни се два пожара, во општина Дојран, општина Чашка и во општина Тетово.

Би можело да ве интересира

Одбележана 120 годишнината од смртта на Методија Патчев

(ВИДЕО)Нов концесионер за сала Македонија, се преговара за Универзална и за ФК Победа…

Мирчески: годинешните 290 денари, вредат двојно помалку од ланските 200 денари!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе