26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Без возачка и во алкохолизирана состојба 47 годишен прилепчанец возел на експресениот пат Градско-Прилеп

На полноќ (на 14.07.2025) во 00.30 часот на експресен пат Градско-Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.С.(47) од Прилеп.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки. Кај прилепчанецот кој го управувал возилото, констатирано е дека е возел под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.88 промили алкохол во крвта, но и го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило.

Д.С. е задржан во полициска станица и известен е јавен обвинител, информираат од МВР.

По документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Би можело да ве интересира

Полов напад врз 13 годишно дете

Угостител пријавил дека лица со закани му барале пари за да му го “обезбедуваат” објектот

Жена крадела во маркет во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе