30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Тепачка која завршила со тешки телесни повреди и интервенција во болница

Синоќа (20.08.2025 ) полицијата повторно имала работа. Имено, во 20:00 часот во ОВР Прилеп,  од Градска болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесено лицето М.Р.(34) од Прилеп.

Тој бил физички нападнат на  ул.„Јоска Јорданоски“ од две лица, кои употребиле и остар предмет , со што М.Р  се здобил со тешки повреди, па инетрвенирале прилепските лекари.

Другиот настан се случил половина час, подоцна. Истиот ден, (20.08.2025 ) во 21:10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  го лишиле од слобода И.В.(43) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава . Тој во 20.35 часот на ул.„Беровска“ во Прилеп го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Б.Џ.(42) од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување и на двата настаните  .

Би можело да ве интересира

Жена, пешак, тешко повредена во сообраќајка во Прилеп

Два случаи на физичко насилство пријавени во Прилеп

Вработени во шумската полиција нападнати од повеќе лица

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе