30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Советниците одлучија за финансиска поддршка на нови проекти за Општина Прилеп

Советниците на 64 тата Седница на Советот на Општина Прилеп, со мнозинство на гласови дадоа согласност за одобрување на финансиски средства за учество на Општина Прилеп во реализација во проектот “Проект за подобрување на водната инфрструктура на општините во Република Македонија“, финансиран преку Европската инвестициона банка.

Советниците, исто така, позитивно се изнесоа на предлог – одлуката за учество на Општина Прилеп во проектот „Подобрување на управувањето со водите во прекуграничната област за заштита на природните ресурси“ („Improving the water management in  the cross-border area for the protection of natural resources“ – AQUANA -МIS Code 6007113)

Седумте точки од дневниот ред беа причина за повеќе полемики, но сепак со мнозинство гласови советниците дадоа поддршка по предлог-одлуките за давање согласност на годишните планови за вработување во 2026 година на ЕЛС, на ЈКП Пазари-Прилеп, на ЈОУДГ “ Наша иднина“ – Прилеп, на ЈП за ПУП, на ЈОУ Дом за стари лица “Киро Крстески – Платник“- Прилеп и на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.

На денешната седница беа усвоени годишниот извештај и програмате на ООУ “Блаже Конески“ – Прилеп и на ООУ “Добре Јованоски’ – Прилеп, за учебната 2025/2026 година.

Би можело да ве интересира

Создадени предуслови за изградба на новиот театар

Активни седум пожари во Македонија – сеуште критично во прилепско Бешиште поради детонации

Пела Редакција

Жена прегазена од товарно возило на раскрсница во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе