23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Температурите ќе се искачат до 43 степени – Црвениот крст и општината во акција

Топлото време и високите температурии,  во Прилеп го подигнаа „црвениот аларм“ за помош и грижа на населението.
Денеска Општина Прилеп во соработка со Црвен крст, спроведе акција, во која на минувачите во центарот на градот,  волонтери од Црвениот крст- Прилеп им делеа шишиња со вода за пиење и флаери со препораки за важноста на здравјето и како да се избегне екстремно топлото време и високите температури , кои денеска во Прилеп  достигнаа 38 степени, а УВ зрачењето 9.

“Оваа активност е дел од нашите заложби за заштита на здравјето на граѓаните во услови на енормно високи температури. Поради екстремните горештини, како Локална самоуправа апелираме до сите граѓани да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките на Владата и стручните служби.„ – опоменуваа градските власти. 

Во ови високи, екстремни температури, останува да се почитуваа препораките на Владата и Министерството за здравство за самозаштита :
– Да се избегнува престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00ч
– Да се внесуваат доволно течности
– да се биде што е можно во климатизирани простории
– Да се носи лесна и светла облека,доколку се излегува надвор
– Постарите лица, малите деца и хронично болните да бидат одобено внимантели поради топлотниот бран.
– избегнување алкохол и засладени пијалоци
– користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.
Метеролозите велат дека вавкото време,со екстремно високи температури ќе се задржи до сабота. Особено топло се очекува да биде во петок и сабота кога синоптичарите најавуваат дневни температури и до 43 степени. Промена на времето ќе има веќе од недела кога се најавува …

Би можело да ве интересира

Затворени гласачките места, одѕивот до 18:30 часот изнесува 39,71

Вакциналниот пункт против Ковид вирустот преместен во Здравствениот дом Прилеп

Денеска Прилеп посетен од неколку владини преставници

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе