21.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

ССМ: Апел за заштита на новинарските екипи за време на топлотeниот бран

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да ги почитуваат мерките на Владата и да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран.

ССНМ ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани и обраќања на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи. Предлагаме настаните предвидени од претходно да се ревидираат, да се намалат или да се преместат на локации на кои има услови за работа на медиумските екипи.

ССНМ бара, ако веќе мора да известуваат во живо, новинарите и медиумските работници да бидат соодветно опремени од своите медиуми, да им биде обезбеден превоз, да им се обезбеди освежување, а се со цел да се избегнат ситуации во кои ќе биде загрозено здравјето на оние што информираат.

Исто така, новинарските екипи кои известуваат за пожарите кои изминативе недели горат низ државата треба да бидат соодвено заштитени, односно да им бидат обезбедени барем маски и заштитни очила, а медиумите да се трудат да испраќаат замена за репортерите на пократки временски периоди, особено кога станува збор за опасни ситуации во кои од пожарите се шират отровни гасови.

За сите случаи во кои ќе бидат нарушени основните услови за работа на новинарите, снимателите, фоторепортерите и останатите лица ангажирани во процесот на известување, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе реагира и ќе ги пријави до надлежните институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО-ФОТО) Проданоски: Не може Комуналец да има 69 илјади вработени за да чистат по секој жител на општината

Пела Редакција

Ристески: Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања во здравството

За Водици и во базенот на црквата Св. Благовештение и во базенот Салида ќе се “фрла“ Светиот Крст

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе