30 C
Прилеп
недела, 19 јули, 2026
Пела Радио

Со богата програма Мариовско – мегленските културни средби слават 40 годишен јубилеј

Една од најстарите манифестации во општина Прилеп „Мариовско – мегленски културни средби“ годинава одбележува четири децении од постоењето. По тој повод за јубилејната 40 –та „Мариовско – мегленска културна средба предвидена е богата културно-уметничка програма и дружба со заеднички ручек.

Манифестацијата ќе се одржи в недела на 28.06.2026 година, традиционално, во предворјето на манастирот „Св. Илија“, во близина на селото Витолиште, со почеток во 10 часот. Пред почетокот на манифестацијата ќе се одржи литургија во црквата од манастирот.

Организаторот, Здружението „Мариовско – мегленски културни средби“ од Прилеп обезбеди бесплатен превоз со автобус, со збирно место за тргнување во 7 часот од пред Центарот
за култура „Марко „Цепенков“.

Би можело да ве интересира

(Видео) Протести вечерва и во Прилеп поради одземени возила на битолски Роми

Пела Редакција

Витаминка на рускиот саем „МИР ПИТАНИЕ 2018“

Вторa акција за уништување на комарците во Прилеп и прилепско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе