Љубовта кон фудбалскиот клуб Победа, фудбалскиот симбол на прилепчани, е причина неговите поддржувачи да бидат загрижени и да бараат спас од општината, од локалната власт. Имено, тие на Фејсбук страната на Победа , поставија апел за-организирање “собир за спас” на клубот. Победа очигледно, за и во престојната натпреварувачка сезона нема да и’ “цветаат рози“, а јавноста освен “чаршински муабети“ нема друга информација за ситацијата во која се наоѓа клубот. Во прилепската чаршија јавно се говори, во медиумите никој не сака јавно да изјави, па се молчи! А, и никој од т.н управа не сака да зборува јавно на оваа тема. И, по ова, многу логична е очекуваната реакцијата на симпатизерите – одлучија да се соберат масовно в сабота во 10 часот пред Општината, и да повикаа граѓаниете кои ја сакаат Победа да им се приклучат
Имано на нивната ФБ страна напишаа

