29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанка во алкохолизирана состојбата го возела својот “мерцедес”

Синоќа, 32 годишна прилечанка го возела својот мерцедес низ прилепските улици под  дејство на алкохол. Полицијата при контрола во сообраќајот измерилa кај неа
1, 91 промили алкохол во крвта.
Имено, синоча, (27.07.2025) во 02.00 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ја лишиле од слобода Л.А.(32) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол. На возачот- жена  ѝ биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта.
Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Чупетрески: Редот и безбедноста се најважни во јавниот превоз

(ВИДЕО)Мицкоски од Прилеп: Оваа генерација ја има последната шанса, после којa нема поправен!

Пела Редакција

(ВИДЕО) Секој од нас носи приказна во себе… со Филип Николоски за неговата нова песна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе