26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во петок – Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп (ФОТО)

Во петок на 8 август 2025 , од 19.30 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се
одржи Вечер на унгарски танци и песни, на која ќе настапат фолклорниот ансамбл
Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција, е дел од
пограмата на Центарот, од меѓународна соработка, а се реализира заедно со
Здружението на Унгарците Теледом- Македонија, Амбсадата на Унгарија во земјава
и Министеството за надворешни работи на Унгарија.

Народниот оркестар од Kishegyes – Rizgetős основан е пред 30 години. Членовите на
друштвото се млади, заинтересирани за зачувување на унгарските народни обичаи,
култура и народни танци. Во изминатите 30 години со Друштвото работеле најголемите
познавачи од Унгарија, благодарејќи на што Друштвото е во постојан развој. Покрај
автентичните народни танци, се занимава и со танцовен театаr. Големо внимание
посветуваат на постојан развој и зачленување на нови млaди членови…

Народниот оркестар Фокош (Fokos) е формиран во 2010-та во Бечеј- Бојводина.Во 2012-та година на фестивалот за млади талени “Fölszállott a páva” организиран од
Унгарската национална телевизија – “DunaTV” Телевизија стасаа до полуфиналето,
благодарејќи на што од градот Бечеј се одликувани за ширење на добриот глас за градот.
На овој натпревар ја освоиле и посебната награда за најавтентичеn оркестар, за што добиле
50 часовно наградно студиско снимање во Будимпешта со снимање авторско ЦД….

 

Би можело да ве интересира

(Фото) Изложба која нема да Ве остави рамнодуштни

В сабота на театарскиот репертоар е „Стапица за глувци“

Премиерна изведба на нова претставата за деца ПЕПЕЛАШКА како музичко-сценски спектакал

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе