16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Помош за опстанок на Победа со дополнителни еден милион денари од oпштинскиот Буџет

Поради лошата финансиска состојба на ФК Победа, пред почетокот на 65 -та Седница на Советот  на Општина Прилеп ( држана на 7 четврток, август 2025), преставници од клубот доставија  барање  до советниците за итна финансиска поддршка која се бараше од Буџетото на Општината. Во барањето беше потенцирана не можноста за понатамошно функционирање на клубот и итност за непречено натпреварување на клубот и функционирање на младинските школи.

Поради итноста, Седницата на Советото на Општина Прилеп за мометн беше прекината и барањето беше разгледано од Комисијата за финансирање и Буџет, по што советниците донесоа одлука за доделување на дополнителни 1.000.000 денари за поддршка на  ФК Победа АД Прилеп. (Предходно клубот, во рамките на средствата кои општината ги доделува  на спортски клубови и здруженија ,за 2025 година, на ФК Победа му додели 250 илијади денари.)

Она што следно треба да се случи е да биде организиран првиот собир и почетокот на тренинзите, зашто играчите до овој мометн не обавиле ниту еден тренинг,пред старт на првенството кое за две недел,  на 23 август, кога Победа треба му гостува на Новаци.

Но поддржиувачите на Победа сметаат дека во овој момент, иако се е задоцнето, важно е прилепскиот фудбалски  второлигаш да почне, иако е неизвесно исо  играчи или со засилувања. Во последните  годин ФК главно се потприа  потпира врз млад играчки кадар, кои ги создал од својот погон.

 

 

Би можело да ве интересира

Сеуште не почнале со подготовки, a во прво коло ќе играат со ФК Новаци

Пела Редакција

Нов дебакл или триумф за престој на мундијалот?!

Никола Димески

Тројца прилепчани од шест македонски стрелачи се дел од Македонската реперзнтација во Сараево за медал

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе