29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ФК ПОБЕДА СО НОВИ АКЦИОНЕРИ И НЕЗАВИДНА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА

Нов извршен директор на ФК Победа е Филип Илиоски (претходно повеќе години, а и сега генерален секретар), а нов мнозински акционер, или сопственик на клубот, со 70% од акциите е Владимир Мирчески (досега познат како генерален секретар, претходните три месеци). Останатите 30% од акциите ги поседуваат Гоце Инглизов 20% и 10% Благоја Гешоски.

На денешната прес-конференција беше речено дека клубот во моментов се наоѓа во незавидна ситуација. Побарана дополнителна финанскиса помош од општината е добиена (Општината донира милион денари), но тие средства сеуште не се префрлени на клубот и поради распишување на локалнте избори, прашање е дали клубот ќе може да ги добие тие средства на својта сметка,поради законската регулатива. Иако, и тие  средства, можат да покрија само за два месеци од работењето на клубот.

Доколку Победа не ја добие финанскиска помош што поскоро, големи се можностите клубот наместо во Втора лига да се натпреварува во понизок ранг.

Без овие средства Победа автоматски би се вратила од втора во четврта лига затоа што ќе нема можност да присуствува на 3 последователни натпревари, но и ако се добијата тие 1 милион денари, ќе бидат доволни клубот да функционира само 2 месеци, нагласи Илиоски.

Денеска Победа го одржаи и првиот тренинг. На градскиот стадион „Гоце Делчев“ шефот на стручниот штаб, Стојанче Дунимаглоски и асистентот Дејан Кебакоски, одржаа тренинг со  20 присутни фудбалери.А, првенството започнува за 20 дена, на 23 август, кога Победа гостува во Новаци.

Би можело да ве интересира

Ракометарите стартуваат од денеска – Чантурија ќе го “крои” составот (ФОТО)

Никола Димески

Победа на свој терен загуби бод

Немилосрдна жрепка – Македонија ја доби Италија за пласман на СП

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе