16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Изложба и промоција на уметничка книга на Александра Ацеска

Синоќа во просторот на ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата насловена „Пловидба“ на уметницата Александра Ацеска од Прилеп, која последниве неколку години живее во Кина.

Станува збор за претставување на еден необичен концепт на ликовни дела работени во старата кинеска техника суминагаши, но и за уметничка книга која ги обединува зборовниот и визуелниот израз.

 Претставувањето на делата беше реалзирано низ разговор меѓу уметницата Ацеска, уредникот и издавачот на уметничката книга Иван Ивановски и модераторот и промотор Филип Димкоски. Воведниот збор на настанот го имаше Александар Еленин кој е автор на едукативно-промотивниот серијал на настанив во Центарот за култура обединети под насловот „Процеп во процес“.

Според Ацеска, нејзиниот проект „Пловење“ го истражува патот на животот преку водата.

– „Пловење“ ја следи филозофијата дека животот, како водата, е постојана промена, ги поврзува источните традиции и современата уметност. Тоа е потсетник дека отпорноста, радоста и рамнотежата не се дестинации – туку текови низ кои учиме да пловиме – вели Ацеска.

Александра Ацеска е ликовна уметница од Македонија, која последниве неколку години живее, работи и создава во Кина. Родена е во Прилеп, во 1994 година, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2017 година, а од 2018 година живее во Кина, каде што работи како професорка по ликовна уметност. Добитничка е на наградата „Борко Лазески“ на ФЛУ и двапати е наградена на саемот на современата уметност и дизајн „Паратисима“

 

Текст: Филип Димкоски

фото: Кире Костадиноски

 

 

Би можело да ве интересира

Новогодишен концерт на учениците од Музичкото училиште Прилеп

Пожарот во атарот на с.Прилепец ставен под котрола

Денеска,15 Мај е Ден на македонското знаме!Што преставува македонскотo знaме за македонскиот народ?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе