30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Канцеларија во Ропотово за вадење на патна исправа, лична карта или возачка дозвола за жителите од Општина Долнени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  го посети полициското одделение Ропотово, општина Долнени, каде беше  отворена нова канцеларија на Управните служби на МВР, која ќе ги опслужува жителите во Општина Долнени и околните населени места.

Со оваа канцеларија во Долнени над 15.000 граѓани коишто припаѓаат на Општина Долнени заедно со граѓаните од дијаспората, ќе имаат право и можност сите услуги коишто се поврзани со управните служби, како што е вадење на патна исправа, лична карта или возачка дозвола ќе можат да ги остварат во рамки на својата општина, многу поблиску до местото на живеење. Со што имаме двоен ефект, многу поблиска услуга до граѓаните од овој регион, а и растеретување на канцеларијата во Прилеп, која досега ги опслужуваше овие граѓани. Овие се седми по ред отворени канцеларии на управни служби и доколку има потреба од нови секако ќе реализираме, рече министерот Тошковски.

Министерот потенцира дека со самото тоа што гужвите со ова се намаленуваа и услугите грашаните ги добиваат достоинствено и ефикасно, отворените канцеларии се потврдиува дека се ефективни и корисни.

При оваа прилика Министерот Тошковски  го посети и ОВР Прилеп каде се запозна со фактичката состојба поврзана со безбедноста, условите и предизвиците на прилепската полиција.

 

Би можело да ве интересира

Во општина Прилеп ќе се формира Совет за поддршка на женско претприемништво

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Тркалезни маси во организација на ЦГИ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе