30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Ќе се намалува бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје – ќе се намали бројот на советниците во новите Совети на дел од општините, поради намалување на бројот на жители во некои општини.

– Согласно Изборниот законик и Деловникот, ДИК одлучува со мнозинство гласови. Констатирам дека од избраните членови на ДИК – седум, шест се присутни на оваа седница, пет гласаа „за“, еден гласаше „против“. Според тоа, оваа одлука е донесена со пет гласа „за“ и еден „против“, рече претседателот Борис Кондарко.

Инаку, ваквата одлука ја донесе Владата која произлезе од пописот на население кој покажа намалување на бројот на жители, поради што согласно Законот за локална самоуправа беше донесена одлука за намалување на бројот на советниците во одредени општини, каде се покажа дека е тоа потребно.

Би можело да ве интересира

Талевски: Акциите на МВР се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Што се случува со милионските проекти на градоначалникот Илија Јованоски?

Општина Прилеп ги охрабрува граѓани да пријавуваат аномалии во работата на вработените

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе