23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Време е за младински одлуки и делување – се формира локален младински совет во Крушево

Со гласање на делегатите/ките во Локалното собрание на млади се избраа новите членови на Локалниот младински совет(ЛМС) на општина Крушево.
Претставници на здруженијата Од млади за млади, Емпауринг Крушево, Културен Манифест, Тихе и политичкиот подмладок СДММ ги избраа како нови членови на ЛМС Крушево:  Зоја Кардула – 19 години, Студент на Јустинијан Први, активна членка на Тихе – здружение за промоција на влашката култура и со големо искуство во Еразмус+ проекти и активности на неколку организации од Македонија, Зоран Кузманоски – 23 години, студент на Медицински факултет каде што е и координатор. Активен член на медицинската организација MMSA,  Марта Кузманоска – 20 години, студент и со искуство во организацијата Емпауринг и проектите Youth Exchange, Зелен Фото глас, Младинска медиумска лабораторија и многу други, Марија Котеска – 16 години, ученик во СОУ Наум Наумовски Борче Крушево, дел од училишниот парламент, а основното образование го одбележува обавувајќи ја позицијата ученички правобранител. Активен волонтер во Црвен Крст и Цветанчо Стојаноски – 27 години, претприемач и доскорешен сопственик на Тобако Цукмар и волонтер во културни настани организирани од општина Крушево.
Општина Крушево се заблагодарува на членовите на Собранието за нивната исклучително важна улога во транспарентен и отворен избор на составот на ЛМС. „Сега е време за делување и за носење одлуки “ – велат младите од Крушево, кои охрабрени од формирањето на ЛМС со нови членови, планира низа активности за поквалитетен живот на младите во нивната заедница.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за тутун за ланската реколта

ВНИМАТЕЛНО! Водата за пиење во неколку села во прилепско е здравствено не исправна

Пела Редакција

Божиќен ручек за 500 деца по 20ти пат во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе