24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп го одбележа Денот на независноста со поклонение пред хероите

Денот на независноста, 34 години независност на суверена и самостојна Македонија, денеска беше одбележан во Прилеп.

По тој повод,  делегации од локалната самоуправа, Сојузот на борците,  институции и  политички партии се поклонија и положија свежи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто во центарот на Прилеп и пред Могилата на непобедените во паркот на Револуцијата.

Пи оваа прилика градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески пред делегациите меѓудругото посочи:

8 Септември 1991 година е денот кога македонскиот народ едногласно ја изрази својата волја за создавање сопствена, единствена, суверена и независна држава, Република Македонија. 34 години подоцна, со иста гордост и решителност ја чествуваме независноста, продолжувајќи ја идејата и визијата на сите наши херои кои низ историјата придонеле за ова што го имаме денес. Нашата обврска е да го чуваме тој завет и да вложуваме во развојот на нашите општини и на нашата татковина. Прилеп, како град на храброста, историјата и традицијата, сигурен сум дека ќе продолжи да биде двигател на развојот и да придонесува кон посилна, постабилна и поуспешна Република Македонија. Заедно со сите наши сограѓани, со заеднички труд од сите нас, Прилеп ќе продолжи да се гради и развива како модерен и достоинствен град, кој ќе биде пример и гордост за сегашните и идните генерации.,рече тој

Нека ни е вечна Република Македонија, нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!“ – порача градоначалникот Јовчески  по повод „8 Септември“ – Денот на независноста.

Би можело да ве интересира

„На секое дете му треба семејство“ кампања на УНИЦЕФ и во Прилеп

(ВИДЕО)Нашето одделение беше највесело, оти се раѓаа нови животи

Изложба на фотографии „Булки“ од прилепскиот уметник Милан Темелкоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе