11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп, во спомен на Карпалак, 17 години подоцна…

На денот на загинувањето на  10-те прилепски бранители во конфликтот 2001 г.  8-ми август, пред 17 години, денеска, пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, изграден во нивна чест, бројни делегации им оддадоа почит на бранителите! Наклон и свежо цвеќе за хероите положија преставници од кабинетот на Претседателот на Р. Македонија, преставници од АРМ и Министерството за одбрана, градоначалникот на Прилеп, Претседателот на Советот на Општина Прилеп и советници, преставници на семејствата на загинатите бранителите,како и делегации од политичките партии: ОО на СДСМ, на НСДП, ВМРО-Народна партија, ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија, Нова либерална партија, Локалниот клуб на млади од СДСМ, како и на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп,од институциите, политички партии, здруженија на граѓани и граѓани, со што им оддадоа достојна почит на загинатите херои.

 

Пред 17 години, рано изутрината, во воениот конфликт 2001 г.  од заседа се убиени прилепските бранители. Денеска сме овде, да им оддадеме почит на  нашите сограѓани, да им се поклониме на делото и жртвата на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. 10-мината кога и беа потребни на државата застанаа храбро на браникот на слободата и ги положија своите животи, ја вградија жртвата во иднината на оваа земја.

Оваа колективна жртва на Прилеп од 2001 г. нека биде опомена и порака дека со преговори и мир, слобода,  да ги решаваме сите отворени прашања на патот на политичката битка по која чекориме денес.  Целта ни е трасирана и чекориме кон НАТО и ЕУ.  Да ги тргнеме заканите и злото, да го направиме последниот исчекор, што би значи  заокружување на вековната битка што ја води државата за да се вгради во сите современи европски текови“ – рече  градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

Општина Прилеп и Здружението „Карпалак“ и годинава беа организатори на одбележувањето. При најава на делегациите кои требаше да положат цвеќе беше изоставена делегацијата од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, која присуствуваше на настанот, предводена од пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Ане Лашкоска. Таа за медумите рече:

 

Слава на хероите кои загинаа на Карпалак пред 17-те години.  Тоа е 17 години непребол за македонската држава, за македонските граѓани и непребол во Прилеп. Нека жртвата на овие херои биде водилка во овие тешки моменти на македонската држава. Да го следиме нивниот пример во зачувувањето на државата и носењето на правилните одлуки, затоа што тие, својот живот го дадоа за единствената татковина која ја имаме, Р. Македонија.

Жално е што денеска ова се случи, токму на овој ден, кога  политиката на СДС, дојде  до израз и преку ваков тажен настан. Ако можат ВМРО ДПМНЕ целосно да го избришат! Воопшто, како делегација не бевме повикани да положиме цвеќе на загинатите на Карпалак. Меѓутоа, почитта, како ВМРО ДПМНЕ, секогаш ја имаме и ќе ја имаме кон овие херои кои го дадоа својот живот за Македонија.“- нагласи Лашкоска

Со извинување за оваа случка се обрати Моника Талеска, советникот за односи со јавност при Општина Прилеп, која го водеше церемонијалниот дел. Таа изразувајќи го своето извинување истакна дека  Општината на достоинствен начин го организирала целото одбележување и дека направен е само ненамерен пропуст :

Денеска, овде пред спомен плочата бројни делегации, 36 на број положија венци и свежи цвеќиња. Меѓу нив беа и делегации од партијата ВМРО ДПМНЕ. Лично, ја побарав пратеничката Ане Лашкоска, да ми каже колку делегации се најавени и денеска во последен момент најавија делегација од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

 Името на делегацијата, односно Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ, е дел од овој список. – рече таа покажувајќи го списокот – При читањето на бројните делегации направив, несакајќи, пропуст. Се извинувам! Веднаш појдов да и се извинам и на делегацијата. И, и се извинувам и на партијата. Значи не станува збор за никаква тенденција, никаква зла намера и мислам дека е непријатно на овој ден денеска, кога треба да оддаваме почит, да правиме медиумски приказни и да собираме дневно политички поени, на нешто што навистина не заслужува“- изјави Талеска

 

Во раните утрински часови делегација од граѓанските здруженија, преставници од  Општина Прилеп, градоначалникот и Претседателот на Советот на Општина Прилеп, им оддадоа почит на загинатите херои на нивните вечни почивалишта на градските гробишта „Песјобрдце“ и на ромските гробишта.

А, по повод  христијанскиот празникот 8-ми август „Светка Петка“, покрај света божествена литургија, со која чиноначалствуваше владиката г.Петар , во црквата „Света Петка“ во населбата Точила, се одржа и панихида за загинатите 10 –мина херои .

Одбележувањето на споменот на 10-те прилепски бранители, кои загинаа во воениот конфликтот 2001 г. Започна вчера, кога делгација  на Општина Прилеп, преставнци  од Советот на Општина Прилеп, преставници од семејствата на загинатите херои, АРМ и од граѓаниските здруженија  и граѓани,  положија свежо цвеќиња пред спомениците на паднатите прилепски бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Делегациите потоа се упатат кон с. Лениште каде се наоѓа и спомен плочата на загинатите бранители.

Рано изутрината, претставници од здружението „Карпалак“ и Општина Прилеп положија  свежи цвеќиња и на „Карпалак“, на местото каде што од заседа, беа убиени прилепските бранители.

Би можело да ве интересира

Поквалитетна струја за „Три Багреми“

Елизабета Филипоска

Воведена делумна забрана за движење во шуми, за непочитување казните се од 1 500 до 2 000 евра

Уметницата Маја Р. Младеновски утре изложува во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе