21.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Безбедно отстранети неколку неексплодирани убојни средства од војните на територијата на Македонија

 Во последните две недели на територијата на државата пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани убојни средства (НУС) информират од Дирекцијата за заштита и спасување  (ДЗС)
Пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), успешно отстранил неколку неексплодирани убојни средства (НУС) пронајдени на неколку локации во земјава и Пелгонија .
„Во Пелагониско, во Општините Долнени и Могила, беа пронајдени две артилериски гранати од Првата светска војна. Во Гевгелија беше пронајдена артилериска граната од Првата светска војна, во Сушица рачна бомба од Втората светска војна, а во Кременица, на територијата на фабриката „Пелагонија“, француска рачна бомба со оштетена запалка. информираат од ДЗС
Сите овие средства беа безбедно подигнати, транспортирани и сместени на воениот полигон Криволак, каде што ќе бидат уништени.

Би можело да ве интересира

Полициската контрола во два различни случаи резултирала со одземање на оружје и дрва

Пела Редакција

Во сообраќајка тешко повреден возач на мопед во Прилеп

(ФОТО)Краделе дрва, па се обиделе да прегазат полицајци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе