30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во Општина Кривогаштани во трка за градоначалник две коалиции, за советници една партија и две коалиции

За претстојните Локални избори 2025 година во општина Кривогаштани и за кандидат за градоначалник на општината и за листи за советници нема кандидати предложени од група граѓани.

Во трката за градоначалничкото место влегуваат две коалиции со следните кандидати:

– Игор Каравилоски „КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 ГОДИНА“ предводена од СДСМ

– Сашо Граороски  КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ

Додека пак за кандидатските листи за советници потврдени од Државната изборна комисија се вкупно 3 листи со 33 кандидати од следните партии и коалиции:

–  политичката партија Левица – носител Андреј Ацески,  

– „КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 ГОДИНА“  предводена од СДСМ  -носител Горан Новакоски

– КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ – ВМРО – ДПМНЕ – носител Дијана Дуртаноска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На 10 тиот ден од протестите се огласи претседателот на прилепското здружение на пензионери

Авто Контрол од утре,11 ти февруари, недела, ќе доделува НМК налепници

Пела Редакција

Ристески: Субвенциите за предаден тутун, за ланската реколта ќе бидат исплатени во целост!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе