29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Трагите од ноќната борба со огнот остануваат на повеќе локации во прилепско

Во Прилеп пожар, кој започна вчера попладне, вечерта се прошири во близина на селото Дабница и кај месноста Три багреми, каде што гори ниска вегетација и депонирано ѓубре.

Трагите од ноќната борба со огнот остануваат на повеќе локации.

Вчера попладнево со димни столбои, во Прилеп избувна пожар во депонијата кај дабнички завој, каде што гореше ѓубриште,односно депонијата која таму е создадена.

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),соопштија дека запалено е големо количество смет на дива депонија на влезот во градот, каде што со месеци се фрлало ѓубре.На терен присигна  Противпожарната единица Прилеп која интервенираше во текот на денот.

Но, депонијата сѐ уште горише во вечерните часови, а пожарот се раширил и земл поголем замав.

„Ставен е под делумна контрола, во еден дел е во карпест терен, нема загрозени населени места или објекти, има пожарникари на лице место, рано наутро кога горењето ќе биде најслабо ќе се продолжи со догаснување“ – изјави вечерва Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС.

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Како до мир , љубов и хармонија” од авторката Горица Чатлеска (ВИДЕО)

„Подарок за градот Прилеп“ концерт на Националната опера и балет

Фондацијата на Заев донира 100 илјади денари за четирите семејства чии куќи изгореа во пожарот од гром

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе