29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот: „Одржлива трансформација во туризмот“

Министерството за култура и туризам pо повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, сабота, организира настан во Крушево, на тема: „Одржлива трансформација во туризмот“.

Настанот има цел да поттикне дијалог и размена на искуства меѓу професионалците од туристичкиот сектор, локалните заедници и институциите, со фокус на добра практика и иновативни решенија кои придонесуваат за одржлив развој во туризмот.

Министерството за култура и туризам ги поканува медиумите, туристичките професионалци, локалните чинители и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да бидат дел од овој настан, насочен кон унапредување на поодржлив, поконкурентен и инклузивен туристички сектор во Македонија.

Во рамките на програмата ќе се одржи панел-дискусија со учество на претставници од туризмот и носители на иницијативи за одржлив туризам. Ќе бидат презентирани конкретни примери на успешни приказни, како и идеи за подобрување на туристичката понуда на национално и на локално ниво.

Покрај дискусиите, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата програма, која вклучува: презентација на традиционални занаети, дегустација на крушевски специјалитети, активности на отворено – јавање коњи, велосипедизам и кајакарење по езерото.

Би можело да ве интересира

Еурокомпозит пред стечај, 120 работници технолошки вишок?!

Вакцини против сезонскиот грип и за оздравените од КОВИД 19

Работите олабавуваат. Од утре се укинува полицискиот час

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе