30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец нападнат од неколку лица, се здобил со тешки телесни повреди

Од полицискиот билтен две информации кои се однесуваат на пријави за физички напад и закани :

На 26.09.2025 во 02:30 часот во ОВР Прилеп, Л.Ш.(19) од Прилеп пријави дека на Градскиот плоштад во Прилеп бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 25.09.2025 во 17:30 часот во с.Селце, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.М.(29) од с.Селце. Според пријавеното, тој започнал расправија со негов сосед, по што го стартувал тракторот и се обидел да го удри соседот, но удрил во оградата. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Би можело да ве интересира

Споменот на навивачот Мате Шундовски, ги собра пелагониските фудбалски легенди

УЈП без одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенирање сметки

Пела Редакција

В недела, градоначалникот Јовчески ќе го промовира сработеното за 2022 и 2023 та година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе