32.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

УЈП без одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенирање сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) без одговор зошто голем дел од македонските граѓани не ги добија своите средства кои им следуваат од скенирањето на фискални сметки.

Воедноне работеше ниту апликацијата МојДДВ во поголемиот дел од денот, односно граѓаните денеска не можеа воопшто да скенираат сметки.

Инаку, вчера беше последниот рок за исплата на средствата од скенирање на сметки, а голем дел од граѓаните не ги добија своите средства. Ова се случува за првпат од воведувањето на оваа мерка, која е една од ретките кои директно враќа средства кај граѓаните.

Се работи за редовниот поврат за последниот пресметковен период (јули, август и септември) кој пристигнува на трансакциските сметки.

 

Би можело да ве интересира

Во спомен домот на Конески, Небрегово, одбележани три јубилеи

Непрописно паркираните возила создаваат проблеми за чистење на улиците и тротоарите

ЕХО фестивалот на планински филм пристигнува во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе